Голема реконструкција на патот Волково – Кучково

65

Општина Ѓорче Петров почнува со еден од најважните инфраструктурни проекти, тоа е зафатот со кој ќе се поврзе урбаното со природното, а Кучково ќе се доближи до граѓаните.

Поточно, се реконструира патот Волково – Кучково во должина од 3.030 метри  и ширина на  коловозот од шест метри. Исто така, ќе се изгради нов, модерен тротоар за поголема безбедност.

Од Општина Ѓорче Петров нагласуваат дека со реализацијата на овој проект, ќе се овозможи побезбеден и поквалитетен сообраќај, подобра пристапност до селото Кучково, но тоа ќе значи и поттик за туризам, рекреација и за развој на руралната средина.

Вкупната вредност на проектот е над 47 милиони денари. Средствата се обезбедени со поддршка од Владата.

 

ИЗДВОЕНИ