Најмалку 64 лица, вклучувајќи четворица полицајци, беа убиени во голема полициска операција против трговци со дрога во Рио де Жанеиро, соопштија вечерва извори блиски до бразилските безбедносни сили.
Претходниот број на жртви беше 18.
Со овој нов број на жртви, операцијата е најсмртоносната во историјата на државата Рио, која се наоѓа во југоисточен Бразил.
Локалните власти соопштија претходно денес дека 2.500 полицајци учествувале во операцијата против трговци со дрога во Рио де Жанеиро.
Таа огромна операција се фокусираше на две групи населби во северниот дел на Рио де Жанеиро кои се во близина на меѓународниот аеродром.
Тешките полициски операции се вообичаени во Рио, главната туристичка дестинација во Бразил, особено во фавелите, сиромашни и густо населени населби често управувани од трговци со дрога.












