ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА: Претреси во повеќе градови поради сомнежи за злоупотреба на службена должност

117

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други места во земјава.

Акцијата е во тек поради постоење на основано сомнение за кривично дело злоупотреба на службена должност.

Од Јавното обвинителство соопштија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на акцијата.

ИЗДВОЕНИ