Во Србија е во тек голема операција во која се уапсени 14 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Томислав Момировиќ. Акцијата е по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал и СБПОК во случајот со уривање на настрешница во Нови Сад, јавуваат медиумите.
Според извештаите на медиумите, уапсени се неколку лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во времето на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.
Неговата политичка кариера беше обележана со низа гафови, од кои најпозната е веројатно „изјавата за две јајца за 22 динари, или 19 центи, што може да ги држи луѓето сити цел ден“.
Поранешниот министер е наследник на империјата „Мона“, а богатството на неговото семејство, како што е наведено во неговата имотниот лист, изнесува 87,19 милиони евра. Тој и неговото најблиско семејство – неговата сопруга, брат, мајка и татко и нивните компании – поседуваат недвижен имот со вкупна површина од 98.882 квадратни метри.
Српските медиуми блиски до претседателот Александар Вучиќ известуваат дека станува збор за обид за државен удар.