Во селото Коњух кај Крушевац моментално е во тек голема операција на припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, а тоа е и најголемата заплена на дрога во историјата на српската полиција.
Како што дознава српски „ Курир“, во близина на Крушевац е запленета рекордна количина наркотици.
Се очекува на местото на настанот да пристигне министерот за полиција Ивица Дачиќ.
Како што дознава „Курир“, запленети се и четири автоматски пушки и еден пиштол.
Според оперативните информации, дел од дрогата била наменета за српскиот пазар, дел за земјите од ЕУ, а вредноста на стоката е околу 10 милиони евра. Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на српската полиција.
Минатата година, вкупно запленети се околу 6 тони од сите видови дрога за целата година, а сега има вкупно 5 тони во една заплена. Имено, најголемата единечна заплена досега била под 2 тони.












