Голема полициска акција, се претресуваат пет локации во Скопје

624

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје, соопшти ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ