Голема полициска акција против нелегална сеча на шуми

113

Во четвртокот ноќта избувна пожар на ридот во скопското село Морани, кој пожарникарите го локализираа за кратко време.

Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, овие пожари, генерално, ги предизвикуваат дрвокрадци. Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва.

– Ќе го изгаснеме овој, но следниот ден ќе запалат нов. Или овде или на Скопска Црна Гора. Но, нема да се повлечеме. И ќе ги победиме, изјави Ангелов веднаш по пожарот.

Истата вечер почна голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, која, според надлежните, е насочена кон разбивање на организирана криминална група која вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина. Акцијата траеше и во текот на денешниот ден.

ИЗДВОЕНИ