Голема полициска акција – чистка на „странци“ во Црна Гора

52

Во рамките на националната полициска операција „Странец“, Управата на црногорската полиција во среда спроведе 135 различни мерки против странски државјани низ целата земја. За време на операцијата, 11 лица беа присилно отстранети, 11 беа протерани, додека 81 лице доби прекршочни пријави. Исто така, издадени се 14 решенија за враќање на лица, на 15 странски државјани им е поништен престојот, а за три лица е покрената постапка за прекин на привремениот престој.

Од почетокот на 2025 година, операцијата „Странец“ резултираше со 8.907 прекршочни пријави, 1.381 решенија за враќање на лица, присилно отстранување на 181 лице и протерување на 160 странски државјани. Престојот на 1.616 лица беше поништен, додека за 1.310 лица беше покрената постапка за прекин на привремениот престој.

Секторот за гранична полиција најавува дека зголемените активности и контроли на законитоста на престојот, работата и движењето на странските државјани ќе продолжат и во наредниот период, со цел обезбедување законитост и безбедност на целата територија на Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ