Голема победа на мршојадците во Македонија

78

Доколку се спроведе обука на инспектори, ветеринари и обвинители за постапување во случаи на труење, се опремат токсиколошки лаборатории и се обезбедат комплети за прва помош за локалните заедници и се зајакне институционалниот одговор, вклучително и се усвои Стандарден оперативен протокол за случаи на труење, би можела да се смени состојбата кога труењето на дивите животни долго време претставува една од најголемите закани за биодиверзитетот на Балканот, доведувајќи видови како брадестиот мршојадец (Gypaetus barbatus) и црниот мршојадец (Aegypius monachus) до истребување во Македонија до 2006 година. Популациите на белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) и египетскиот мршојадец (Neophron percnopterus) исто така се намалија до загрижувачки нивоа.

Ова во најновото издание на магазинот „Јунајт фор нејчр“ на ИУСН, во рубриката „Теренски извештаи“, го сподели Арта Старова од Македонското еколошко друштво , односно покажа како проектот „Балкан детокс лајф“ придонесува за промена на ситуацијата.

Благодарение на сето ова, популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија се зголеми на 19 гнездечки парови – највисока бројка од 2012 година наваму. Оваа успешна приказна сведочи за тоа што може да се постигне со долгорочна заштита, регионална соработка и со вклученост на заедницата.

ИЗДВОЕНИ