недела, февруари 15, 2026
Дома СКОПСКА Голема модна ревија на кучиња на 12 септември

Голема модна ревија на кучиња на 12 септември

107

Јавното претпријатие „Лајка“ информира дека на 12.9.2025 година ќе се одржи голема модна ревија на кучиња, во дворот на продавницата „Пет енд го“, на улицата „Лука Геров“ број 37а.

Станува збор за најслаткото дефиле во градот, кое ќе биде на тема „Најубав модерен костум“.

Предвидени се награди за победниците, но и изненадување за сите учесници.

Пријавувањето може да се врши во продавницата на улицата „Лука Геров“.

 

ИЗДВОЕНИ