петок, февруари 13, 2026
Дома СКОПСКА Голема крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров

Голема крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров

84

Во организација на Општина Ѓорче Петров, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, денеска во Центарот за култура се одржа голема крводарителска акција, која обедини бројни хумани граѓани под заедничка мисија  – спасување животи.

Градоначалникот, Александар Стојкоски, кој исто така е крводарител и даруваше крв денеска, истакна дека крводарувањето е едно од најголемите хумани дела што секој може да го направи.

-Секој дарител е херој. Вашиот гест може да биде од пресудно значење за некого што се бори за живот – нагласи Стојкоски, додавајќи дека со оваа акција, уште еднаш се потенцира важноста на солидарноста и заедништвото во нашата заедница.

Акцијата продолжува до 18 часот, а сите заинтересирани имаат можност да се приклучат и да станат дел од оваа значајна иницијатива.

ИЗДВОЕНИ