понеделник, јануари 26, 2026
Дома СКОПСКА Голема екоакција во Кисела Вода

Голема екоакција во Кисела Вода

25

Доколку дозволат временските услови, од понеделник, Општина Кисела Вода, преку Секторот за месни заедници, заедно со јавното  претпријатие „Паркови и зеленило“, ќе започнат еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и на јавните зелени површини на целата територија на општината.

Акцијата ќе се реализира со целата расположлива механизација и теренски екипи, а ќе опфати собирање лисја, расчистување паднати гранки и отпадоци, поткастрување дрвја, сечење суви гранки, како и уредување на јавните тревници.

Од Општина Кисела Вода информираат дека активностите ќе се одвиваат низ парковите и низ сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а ваквите акции ќе бидат чести и во иднина.

Ова било договорено на денешната средба на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери.

– Со директорот на ЈП „Паркови и зеленило”, Муамер Сефери, договоривме засилена соработка и конкретни чекори за подобрување на изгледот на нашата општина. Нашата цел е Кисела Вода да биде почиста, поуредена и попријатна за живеење, а ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период – изјави Стаменкоска-Трајкоска. Таа повикува и граѓаните заеднички да придонесат кон почиста животна средина, со одговорно однесување и грижа за заедничките јавни простори.

 

 

ИЗДВОЕНИ