Град Скопје со јавни претпријатија започнаа голема еко – акција на кејот на реката Вардар.
-Во рамките на акцијата ќе се работи на чистење на отпад, косење на тревните површини, уредување на патеките за пешачење и велосипедизам, како и на санирање на урбаната опрема – соопштија градските власти.
Оттаму додаваат дека акцијата има за цел уредување на јавниот простор покрај реката Вардар, како и подигнување на јавната свест за значењето на одржување на чиста и здрава животна средина.