Голема акција против калабриската мафија во Италија, уапсени 97 осомничени

21

97 осомничени се уапсени во голема акција на италијанските карабинери спроведена по налог на Обвинителството за борба против мафијата (ДДА) од Реџо ди Калабрија. Акцијата се спроведува во областа Реџо ди Калабрија, но и во други градови низ Италија, а се апсат некои од најважните кланови на мафијата „Ндрангета“, објави Анса.

Осомничените се товарат за различни кривични дела, меѓу кои членство во мафијашка организација, помагање на мафијата, здружение за меѓународна трговија со дрога, поседување и продажба на наркотици, изнуда, киднапирање заради изнуда, мафијашки политички изборен дослух, како и поседување и носење оружје.

ИЗДВОЕНИ