вторник, февруари 10, 2026
Дома СПОРТ Голем скандал ја тресе Шпанија поради трансферот на Вилијамс

Голем скандал ја тресе Шпанија поради трансферот на Вилијамс

997

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас,  не крие дека не е голем фан на Барселона и дека е симпатизер на Реал (М), но малкумина можеа да очекуваат дека ќе им зададе толку низок удар на Каталонците.

Барселона во последните недели преговараше со Нико Вилијамс и беше подготвена да ја плати неговата откупна клаузула од 58 милиони евра, а младиот шпански играч се согласи да оди во каталонскиот клуб.

И кога се очекуваше неговиот трансфер да биде официјализиран, се случи неочекуван пресврт на настаните бидејќи Вилијамс одлучи да остане во Билбао и потпиша нов договор со важност до 2035 година.

Ова е втор пат за само една година Вилијамс да ја понижи Барселона на таков начин, иако овој пат Каталонците беа сигурни дека тој доаѓа и дека неговиот потпис е завршена работа.

Таквиот исход силно ги потресе челниците на Барселона, и наводно тие веруваат дека претседателот на Ла Лига, кој имал состанок со челниците на Атлетик два дена пред одлуката на Вилијамс, е виновен за сè.

Шпанските медиуми објавија дека се заканува голем скандал, бидејќи Тебас е обвинет дека направил нешто неприфатливо за време на состанокот со челниците на баскискиот клуб и дека им открил доверливи информации.

Тебас е обвинет дека на челниците на Атлетико на гореспоменатиот состанок им кажал информации за финансиите на Барса и фактот дека регистрацијата на Вилијамс нема да биде лесна, и дека сè се променило таа вечер.

Тие веднаш контактирале со Вилијамс и неговиот агент и изразиле сомнежи за неговиот трансфер во Барселона, па дури и рекле дека воопшто не можат да го регистрираат и дека ги потврдиле информациите за тоа.

Очигледно, Тебас им ги покажал финансиските извештаи на Барселона, што е забрането, и нема сомнение дека ова ќе биде скандал за паметење.

Барселона е свесна дека сè се променило по таа средба бидејќи Вилијамс прво почнал да поставува нереални барања, а набргу потоа било објавено дека го продолжил договорот со Билбао.

ИЗДВОЕНИ