Голем шумски пожар беснее во Грција – евaкуирани се неколку села западно од Атина

160

Поради големиот шумски пожар кој избувна денеска во Грција, властите наредија евакуација на неколку села западно до Атина, соопшти противпожарната служба.

Во гаснењето на шумскиот пожар кој зафати борова шума во планините близу Коринт учествуваат повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери, пренеесува „АП“.

Временските услови се посебно тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што денеска Грција ја зафати и топлотен бран кој донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.

Претходно денеска, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потна додека се обидуваше да наполни вода, за да се избори со друг пожар во близина на Атина.

Тројцата членови на екипажот на хеликоптерот се спасени и пренесени во болница.

 

ИЗДВОЕНИ