EPA/ALEX PLAVEVSKI

Турнирот се уште не започна, а српскиот тенисер е во голема неволја… Барем така изгледаат сцените од Австралија.

Новак Ѓоковиќ прво тренираше со Јиржи Лехечка во вторник, но потоа, во среда, за време на втората, попладневна сесија на теренот број 10, се пожали на болка, поради што реагираше Миљан Амановиќ.

Тој тренинг траеше само 12 минути, а Амановиќ имаше полни раце работа, со оглед на тоа што Новак страдаше од болки во вратот. Оние што ги гледаа тие сцени велат дека сè изгледаше многу болно за српскиот ас.

Новак повеќе разговараше со колегите отколку што тренираше, а во еден момент облече дуксер и го напушти тренингот. Пред сето ова, во утринските часови, Новак спарингуваше со Данил Медведев

За потсетување, ждрепката за АО е закажана за четврток, додека турнирот започнува во недела.

ИЗДВОЕНИ