недела, септември 6, 2026
Дома БАЛКАН Голем пожар во Грција: Aнгажирани 10 авиони за гаснење/ВИДЕО

Голем пожар во Грција: Aнгажирани 10 авиони за гаснење/ВИДЕО

0

Голем шумски пожар избувна денес во земјоделско-шумска област во областа Скилунтија, во грчкиот регион Илија, по што вкупно 45 пожарникари и 10 авиони беа распоредени за гаснење на пожарот, објавува „Катимерини“.

Оперативниот центар на противпожарната служба беше известен за инцидентот попладнево, по што беа мобилизирани бројни противпожарни екипи, како и волонтери и 16 возила.

Првично шест авиони беа распоредени за гаснење од воздух, а откако се појави потреба од засилување за време на интервенцијата, беа вклучени уште четири авиони.

ИЗДВОЕНИ