среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Голем пожар во дискотека во Кочани, најмалку 30 жртви, стотина се повредени

Голем пожар во дискотека во Кочани, најмалку 30 жртви, стотина се повредени

1430

Ноќеска околу 3 часот по полноќ во Диско клубот Пулс во Кочани nа концерт на групата „ДНК“ се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.

Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат 20, 30 па и 50 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи. Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.

„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ