Станбените области и зградите не се загрозени, со исклучок на еден хотел во областа Пахис, чии гости беа евакуирани како мерка за претпазливост, а целосно изгоре еден од баровите на плажа во Гликади. „Ве молам, престанете со објави што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција“, напиша градоначалникот на Тасос на својот профил на „Фејсбук“.
Туристите панично ги напуштаат своите сместувања на островот Тасос, каде во средата пред полноќ изби голем пожар, за чие скротување на пожарникарите и волонтерите им требаа повеќе часови во текот на вчерашниот ден. Гореше во областа Гликади, а пламените јазици се проширија и во Пахис и Рахони, на островот кој е многу популарен за летување и кај македонските туристи.
Пожарот во Гликади, во близина на пристаништето во Лименас, се прошири брзо и беше видлив дури и од Кавала, објави „грчка инфо“. Огнот зафати голема шумска површина покриена претежно со борови дрвја, по кои е познат Тасос, и набрзо почна да се шири кон запад, објави „Кавала њуз“. Грчките медиуми јавуваат дека се изгорени многу маслинови дрвја и кошници со пчели.
Станбените области и зградите не беа загрозени, со исклучок на еден хотел во областа Пахис, чии гости беа евакуирани како мерка за претпазливост, а целосно изгоре еден од баровите на плажа во Гликади.
Туристите, сепак, се во паника, а голем дел од нив се обидуваат со возила во колони да стигнат до пристаништето Лименас, со намера да го напуштат островот. Како што пренесува српски „Блиц“, првиот ферибот рано наутро од Лименас до пристаноштето Керамоти испловил натоварен со патници. Патот од Пахис до Лименас е затворен, па на возачите им се препорачува да одат по алтернативни патишта бидејќи се формирани колони. Алтернативна маршрута до Лименас за туристите во Принос, Калирахи или Маријес, е преку Лименарија – Потос – Потамија и Панагија за да стигнат до Лименас.
Големиот пожар на Тасос, во областа помеѓу плажите Ла Скала и Гликади, сенеска е ставен под контрола, но пожарникарите сè уште работат на целосно гаснење, објави сајтот за директни резервации на сместување во Грција, Никана.гр.
-Според информациите добиени од противпожарната станица на Тасос, нема опасност за населението или за туристичките објекти, иако теренот е сè уште активен, велат од Никана.
Од денеска рано изутрина пожарот се гаснеше и со авиони и хеликоптери, за побрзо да се стави под контрола, а на помош дојдоа и пожарникари и волонтери од Кавала и Керамоти. Во текот на денот пожарот беше изгаснат, но облкаста остана обвиена во густ чад.
Како што објави Кавала Њуз, компанијата за дистрибуција на електрична енергија на Тасос најави краткотрајни прекини на електричната енергија во неколку населби. Огромниот пожар на Тасос беше причина да с еогласи и градоначалникот
Поради огромниот пожар на Тасос, градоначалникот, Лефтерис Киријакидес ги повика луѓето да не паничат.
– Ве молам, престанете со објави што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција, напиша тој на својот профил на Фејсбук.
За само 24 часа ширум Грција избувнаа 55 шумски пожари, објави портпаролот на синдикатот на пожарникари, Костас Цигас.
– На дневна светлина и со помош на противпожарни хеликоптери, мора брзо да ги изгасиме другите жаришта пред силните ветрови да се засилат подоцна во текот на денот, изјави вчера Цигас за грчкото државно радио.