Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација за три области, објавија грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска област, а на него учествувале 20 пожарникари од седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку сте во областите Каравадос, Дорисата и Керамис, засолнете се и упатете се кон Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се вели во соопштението на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптери исто така помагаат во гаснењето на пожарот, објави грчкиот весник.