Голем пожар на југот на Албанија, се евакуираат села

29

Јужниот дел на Албанија вчера го зафати пожар од големи размери. Во општината Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”. Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации на жителите беа спроведени во Ливина и Ардасово.

Високите температури и силниот ветер уште повеќе ги шират пламените јазици. Во гаснење на пожарите се вклучени служби од Финиќ, Делвина, Кониспол и Саранда, како и припадници на армијата, а огнот се гасне и од воздух.

„На постарите лица им беше понудена и медицинска помош, а од безбедносни причини, сообраќајот е ограничен на патот  Музина – Бистрица. Ограничувањето ќе продолжи до крајот на операцијата“, изјави министерот за одбрана Пиро Венгу.

 

ИЗДВОЕНИ