
Се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот напаѓач има договор со „старата дама“ до крајот на актуелната сезона и поради таквата ситуација челниците на Барселона, Баерн (М) и на Тотенхем ќе се обидат веќе во јануари да го обезбедат неговиот потпис.











