
Германскиот гигант Баерн (М) и англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, со големо внимание ја следат ситуацијата околу првиот голман на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Репрезентативецот на Италија има уште една година од актуелниот договор со „светците“, а се погласни се шпекулациите дека Џиџи не сака да ја продолжи соработката.