Голем грабеж во Србија: Напаѓачи пресретнале возило за транспорт на пари и украле 2 милиони евра

100

Комбе кое му припаѓало на компанија за транспорт на пари со 235 милиони динари било цел на разбојниците. Според неофицијални информации, првите резултати од истрагата укажуваат дека комбето, во кое се наоѓале украдените пари, се движело на релација Крагуевац – Нови Пазар и дека во еден момент двајца обезбедувачи го запреле комбето пред продавница на патот Рашка – Нови Пазар.

Како што понатаму наведува, еден обезбедувач излегол од комбето и влегол во продавницата.

Во тој момент, како што пишуваат српските медиуми, според досегашната истрага, вооружен разбојник се приближил до комбето и му наредил на другиот обезбедувач да го стартува возилото. 35 минути подоцна, според досегашната истрага, разбојникот го исфрлил обезбедувачот од комбето и му го украл пиштолот.

Обезбедувањето веднаш го пријавило случајот во полиција, а кратко потоа, припадници на Министерството за внатрешни работи го пронашле комбето во пламен без парите. Се сомнева дека разбојникот, најверојатно со соучесници, избегал кон Косово.

Инаку, во еден од најдрските вооружени грабежи во последните години во областа Нови Пазар, маскирани разбојници синоќа пресретнале специјално возило за транспорт на пари и, според првичните проценки, украле околу два милиони евра. Украдените пари се на Поштенската штедилница.

ИЗДВОЕНИ