Гол маж скокнал од грмушките со дилдо на стап и ги исплашил туристите

121

Две пријателки кои уживаа во пејзажот на планинскиот венец Трибеч пред некој ден беа вистински исплашени кога гол маж со дилдо набоден на стап искочи пред нив.

Мажот носел само „фантомка“ и влечки и се појавил пред туристите додека тие оделе кон урнатините на замокот Гимеш, објави словачката телевизиска станица JOJ.

„Тој истрча од грмушките, застана пред нас и нè праша дали сме сами“, опиша еден од туристите, продолжувајќи:

„Ни рече дека му е жал ако нè исплашил и нагласи дека не мисли дека ќе сретне некого бидејќи беше понеделник. Во тој момент мислевме дека ќе си оди и ќе нè остави сами, но кога се свртев, видов дека почнал да нè следи, што нè исплаши ужасно.

Се договорив со пријателката дека нема да му покажуваме дека сме исплашени, па застанавме и го прашавме дали можеме да го фотографираме. Тој се согласи без двоумење.

„Среќа што бевме две бидејќи не можам ни да замислам што ќе правев ако морав сама да се соочам со таква ситуација“, продолжи туристката, раскажувајќи го исходот од таа необична средба.

„Ни кажа дека често шета гол во шумата бидејќи го опушта, а потоа исчезнува во дрвјата. Сепак, не го пријавивме случајот во полиција бидејќи не нè повреди“, заклучи таа.

Интересно е што речиси идентичен инцидент е забележан и во градот Шаља, но, судејќи според описите на жртвите, станува збор за двајца различни егзибиционисти.

 

ИЗДВОЕНИ