Почитта што Новак Ѓоковиќ ја чувствува кон поранешните ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер е огромна, но и покрај тоа никогаш не успеал да изгради пријателски однос со нив, што, според него, генерално не е можно.
Најдобриот тенисер на светот на сите времиња зборуваше за односот што го има со легендарниот Шпанец и нагласи дека отсекогаш имал чувство на восхит кон него.
„Надал е само една година постар од мене, двајцата сме близнаци во хороскоп и на почетокот се сложувавме многу добро. Дури и одевме на вечера заедно, можеби двапати, но е невозможно да се изгради пријателство на ова ниво. Тој е некој што многу го почитувам, честопати му се восхитував за сè што направил, го познавам и го ценам многу добро, а во последните 15 години го видов повеќе пати од мајка ми. Сепак, никогаш не можевме да бидеме пријатели. Не велам дека сме непријатели, само дека никогаш не сме изградиле толку добар однос“, рече Ѓоковиќ.
Новак зборуваше слично за Швајцарецот Федерер и повторно нагласи дека тој и Шпанецот се најзаслужни за фактот што успеал да ги постигне сите резултати што ги има во својата кариера.
„Бевме големи ривали на теренот и се туркавме еден со друг напред. Тие се најзаслужни за сите успеси што успеав да ги постигнам и за тоа им се заблагодарувам и секогаш ќе ги почитувам“, рече Ѓоковиќ.