Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е казнет за нелегална градба на својот имот во Марбеља, Шпанија, пишува „Ла Опин де Малага“. Ѓоковиќ наводно немал соодветна дозвола кога ги реновирал тремот, надворешната туш кабина и подрумот, кој го користи како гаража.

Локалните власти веќе го предупредија во февруари оваа година, но сега доби казна од пет илјади евра. Ѓоковиќ купи вила во Марбеља за 10 милиони евра во 2020 година, а ова е веќе третата казна што ја добил поради немање соодветни градежни дозволи. Нелегално изградените објекти ќе мора да бидат срушени.

Ѓоковиќ се подготвува за Отвореното првенство на САД, кое е закажано за крајот на август. Поради ова, тој не учествуваше на турнирите во Торонто и Синсинати. Тој моментално е седмиот тенисер во светот, има 38 години, а во кариерата заработил 189 милиони евра, па овие казни не би требало да бидат голем проблем.

ИЗДВОЕНИ