Расположението кај Новак Ѓоковиќ секогаш е на високо ниво, се навикнавме на неговиот шеговит манир и добра енергија, а сега на социјалните мрежи сподели видео како пее и танцува на еден од култните светски хитови „Uptown funk“
@djokernole Brunovak Djokovic 😆 #summermode #dance #tennis ♬ original sound – Novak Djokovic
Сето ова кажува дека тој се забавува исклучително добро ова лето, па се очекува да биде на највисоко можно ниво во САД.
Долго се шпекулираше дека на претстојниот УС Опен постои можност Новак Ѓоковиќ да заигра во микс-дубл конкуренција, а сега и официјално стигна потврда дека најдобриот тенисер ќе настапи во двојка со српската тенисерка Олга Даниловиќ.