
Поранешниот најдобар британски тенисер Грег Руседски, верува дека Србинот Новак Ѓоковиќ треба да го прескокне гренд – слем турнирот Ролан Гарос. Руседски е убеден дека Ѓоковиќ треба добро да се подготви за Вимблдон, каде што традиционално игра добро и каде што има добри шанси за 25-от трофеј од гренд слем турнирите.
„Мислам дека Новак треба да размисли да го прескокне Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. Навивачи на Новак, има надеж. Замислете го како игра толку добро на Вимблдон. Имам чувство дека Ролан Гарос е надвор од неговиот дофат поради неговата физичка игра“, рече Руседски, додавајќи:
„Сега има три недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон. Порано беа две. Всушност, можеше да игра на два турнира, да земе една недела одмор и да игра на Вимблдон. Ќе биде интересно да се види што ќе одлучи.“
Ѓоковиќ стигна до финалето на Австралија Опен минатата недела каде загиби од Шпанецот Карлос Алакрас.
„Какви две недели беа ова. Го победи Синнер, но не успеа да ги победи двајцата по ред. Секој ден покажува дека може да победи еден од тие двајца. Проблемот е да се победат по ред и тоа е сè уште загатка. Тешко е да се реши“, истакна тој.
Во меѓувреме, Новак се врати во Топ 3 на АТП листата.











