Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, нема намера да ја заврши кариерата, што особено ги израдува неговите обожаватели на Балканот. Факт е дека тој ја има најголемата поддршка од овие простори.
Тој ќе го прослави својот 39. роденден следната година. Сепак, сè уште игра на високо ниво и ја брка својата 25. гренд слем титула во кариерата.
Плановите на српскиот тенисер не се поврзани само со нова титула на најголемите турнири. Тој сака да се обиде да освои уште едно злато на Олимписките игри. По освојувањето на златото за Србија во Париз, во 2024 година, сака да игра и во Лос Анџелес. во 2028 година, иако ќе има 41 година.
- Ќе играм на Олимписките игри во Лос Анџелес, во 2028 година. Тие Игри се ѕвезда-водилка за мене. Нема ограничувања. Сакам да се натпреварувам и сè додека се чувствувам добро, додека издржува моето тело и додека играм на високо ниво, тогаш зошто да не? – вели Новак Ѓоковиќ.
Значи, тој има огромни планови. Оваа изјава ја крена Србија на нозе, но понекогаш дури и не се свесни во оваа земја каков шампион имаат.
Се чини неверојатно што одредени медиуми блиски до претседателот Александар Вучиќ го прогласија за неуспешен тенисер. Таквата срамота е непростлива.
Во 2024 година, Ѓоковиќ одлучи да ја напушти Србија со своето семејство. Негова нова адреса е главниот град на Грција – Атина. Тој создаде тренинг-база таму. Ужива максимално, сè му е на дофат, а ја избра Грција поради своите деца, кои имаат многу помирен живот отколку во Србија.

![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)









