Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, има голема смисла за хумор, нешто што го има потврдено многупати во својата богата кариера. Откако триумфираше на турнирот во Атина и ја освои својата 101. титула, одлучи да се пошегува со фотографија која асоцира на познатиот филм, „101 далматинец“.
„Не можев да ја прославам 101. титула без неколку далматинци“, кусо напиша српскиот ас на социјалните мрежи.
Најтрофејниот тенисер во историјата уште повеќе ја продлабочува легендата за себе и сите остварени успеси. Ѓоковиќ е единствениот кој има освоено 24. грен-слем титули во сингл, во овој спорт.
View this post on Instagram












