epa12437255 Novak Djokovic of Serbia gestures during his Men's Singles round of 16 match against Jaume Munar of Spain at the Shanghai Masters tennis tournament in Shanghai, China, 07 October 2025. EPA/ALEX PLAVEVSKI

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ја остри својата форма за новата сезона, а првиот турнир на кој ќе игра е Аделаида. Тој спарингуваше со францускиот тенисер Артур Казо, кој моментално е 66. на АТП-листата, и беше воодушевен од искуството.

Ѓоковиќ сè повеќе време им дава лекции на младите тениски надежи, па неодамна тренираше во Атина со Рафаел Пагонис, кој се смета за еден од најголемите грчки таленти. Не е тајна дека Новак планира да отвори академија во својата „нова татковина“ и се чини дека нема да има пауза по завршувањето на кариерата.

Веднаш по тренингот со Ѓоковиќ, Казу ги сподели своите впечатоци и нема сомнение дека ова ќе бидат неговите највредни совети на патот кон врвот на тенисот.

– Три одлични дена тренинг, учење, споделување на теренот со Новак – напиша Казо на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ гради спортски комплекс во Атина.

Тој е подготвен да инвестира повеќе од 20 милиони евра во нов тениски комплекс во Елиникон, објавија неодамна грчките медиуми, и се очекува таму да основа своја академија. Станува збор за добро позната локација во крајбрежната зона, а планот е да се изградат над 20 тениски терени, како и терени за падел, пикбол и за други спортови.

– Овој комплекс им фати око на некои врвни имиња во светскиот тенис, меѓу кои често се споменуваа оние на Патрик Муратоглу, Новак Ѓоковиќ и семејството Сакари. Сепак, според најновите информации, Ѓоковиќ е најблиску да инвестира во овој проект. Тој трајно се насели во Атина и одржува контакти и на владино ниво и со претставниците на спортскиот пазар – пишуваат грчките медиуми.

 

ИЗДВОЕНИ