Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Шангај

111
Фото: EPA/BRIAN HIRSCHFELD

Уште еден маратонски натпревар и уште една победа за Новак Ѓоковиќ во Шангај – српскиот тенисер го победи Хауме Мунар со 2-1 во сетови и се пласираше во четвртфиналето, пренесе „Бета“.

Исто како и против Јаник Ханфман, Ѓоковиќ ја заврши работата по повеќе од два и пол часа игра, освен што не мораше да брза за пресврт против Шпанецот.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-3, а потоа Мунар успеа да одговори со доцен брејк во вториот сет и да израмни на 7-5.

Сепак, во решавачкиот сет немаше драма – Ѓоковиќ веднаш го проби сервисот на Мунар, а потоа рутински, со само два изгубени гема, се пласираше меѓу првите осум во Шангај.

За место во полуфиналето, најголемиот тенисер на сите времиња ќе се соочи со Зизу Бергс од Белгија, моментално рангиран на 44-то место на АТП листата.

ИЗДВОЕНИ