Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, математички обезбеди место на Завршниот турнир во Торино. Новак со тоа се придружи на неприкосновените Карлос Алкараз и Јаник Синер, меѓу сигурните учесници.
Ѓоковиќ сè уште не го потврдил својот настап во Торино, а доколку одлучи да игра, ќе го израмни рекордот на Федерер (27 настапи). Патем, Новак всушност се квалификуваше за Завршниот Мастерс минатата година по 17-ти пат, но одлучи да не игра.
Ѓоковиќ собра точно 4.580 поени оваа сезона. Алкараз има 11.040, а Синер 8.500 поени освоени во тековната година. Српскиот ас го освои овој турнир седум пати, последниот пат во 2023 година, кога го победи Синер во финалето.