
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за финалето на Австралија опен по маратонскиот натпревар во кој победата со 3:2 над Италијанецот Јаник Синер со 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4.
Негов противник во финалњро ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз, кој го победи Александар Зверев по пет часа и 26 минути во првото полуфинале на турнирот.
По натпреварот, Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци на прес-конференција:
„Не престанав да верувам во себе. Многу луѓе не веруваа во мене, многу луѓе, некои експерти сакаа да ме пензионираат. Многу пати сум играл на гренд слем турнири. Денот кога не оди, се обидуваш да победиш. Имав среќа што Лоренцо се повреди и тој ден се предаде. Имам јасен план што треба да правам. Едно е да имаш план, друго е да го покажеш на теренот против Синер и Алкараз. Навистина сум среќен што можев да го доживеам ова вечерва“, рече српскиот ас.











