EPA/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, не беше крунисан по 11-ти пат како шампион на Австралија Опен, бидејќи беше поразен од младиот Карлос Алкарас од Шпанија во четири сета 6:2, 2:6, 3:6, 5:7 во големото финале во Мелбурн по драматична борба по пресврт!

Новак Ѓоковиќ не успеа да стане „бесмртен“ и да стигна до толку посакуваниот 25 – ти гренд слем трофеј. Во спектакуларниот дуел со Карлос Алкарас српскиот ас немаше сили за уште еден маратонски триумф. Со оваа победа младиот шпански ас ги комплетира трофеите од сите четири големи турнири, откако претходно во кариерата по двапати славеше на Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен. Што значи ова е негова седма гренд слем титула во кариерата со која влезе во историјата како најмлад тенисер кој ги осовил титулите на сите четири гренд – слем турнири.

 

ИЗДВОЕНИ