
Новак Ѓоковиќ го навести крајот на својата одлична кариера.
По поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос (3:0), освојувачот на 24 Гренд Слем титули изјави дека можеби го одиграл својот последен натпревар на париската земјена подлога.
„Можеби ова е мојот последен натпревар тука, не знам. Затоа сум емотивен. Ако ова беше мојот последен натпревар на „Ролан Гарос“, беше прекрасно во однос на атмосферата“, рече Ѓоковиќ.
„Едноставно не знам што носи утрешниот ден. Ќе продолжам да продолжам, така да се каже. Вимблдон е следен, мојот омилен турнир од детството. Ќе направам сè што е можно за да се подготвам“, додаде Новак.
Тој ја брка својата 25-та титула.
„Најдобри шанси за гренд слем ми се на Вимблдон или Австралија, каде што подлогите се побрзи. Горд сум на трудот што го вложив на „Ролан Гарос“. Не бев во одлична форма. Синер беше премногу добар за мене. Имав шанса да го добијам третиот сет, промашив форхенд кога беше сет-поинт. Тоа се момците – Синер и Алкарас кои те ставаат под притисок“, рече Ѓоковиќ.