Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа верува дека Новак Ѓоковиќ може да освои уште една гренд слем-титула.
Ѓоковиќ последен пат освои гренд слем-трофеј на Отвореното првенство на САД во 2023 година и оттогаш остана на 24 големи трофеи.
Новак стигна до полуфиналето на секој од четирите големи турнири оваа сезона, а неодамна загуби од Карлос Алкараз во Њујорк по три сета.
- Тој одигра добар натпревар против Алкараз на Отвореното првенство на САД, и покрај тоа што загуби во три сета. Се сведе на седум или на осум поени, а Алкараз ги освои. Можете да ја обвините неговата младост за тоа, но не сум заборавил дека за Надал, на почетокот на сезоната пред да го освои својот последен гренд слем, секогаш велевме дека е завршено, рече Ноа.
Новак моментно е рангиран на четвртото место ранг-листата на АТП.
- Додека Новак игра, тој е опасен. Никогаш не знаете што ќе се случи на турнир. Никогаш не можете да планирате однапред. Додека е меѓу првите три или четири, секогаш може да освои уште еден гренд слем, додаде Французинот.











