Факт е дека Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ја сочинуваат најдобрата „тројка“ во светот на тенисот, но постои мислење дека првите двајца се сепак повеќе фаворизирани пред Србинот. Ова мислење го дели и самиот Ѓоковиќ, кој во интервју за швајцарската веб-страница „20min.ch“ откри дека овој став на планетата го повредил.

  • Никогаш не бев толку сакан како Федерер и Надал затоа што не требаше да бидам таму. Бев малиот, третиот што дојде и рече дека ќе биде број 1. На многу луѓе тоа не им се допадна, почна Ѓоковиќ, па додаде:
  • Се однесував добро, а сепак се чувствував како несакано дете. Се прашував зошто е така. Ме болеше. Потоа помислив дека ако се однесувам поинаку, навивачите ќе ме прифатат. Но, ниту тоа не беше случај.

Тој нагласи дека никогаш не кажал лош збор за Федерер или Надал, ниту, пак, ќе каже.

  • Само затоа што некој ми е најголем ривал, не значи дека му посакувам зло, го мразам или сакам да направам нешто друго на теренот за да го победам. Се боревме за победа, а подобриот играч победи, додаде Ѓоковиќ, заклучувајќи:
  • Отсекогаш сум ги почитувал и него и Федерер. Ги почитував и сè уште ги почитувам. Но, секогаш сум се сложувал подобро со Надал.

ИЗДВОЕНИ