Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во разговор со Славен Билиќ откри дека сакал да ја заврши кариерата во 2018 година. Пред седум години, Ѓоковиќ доживеа пад на 22-ро место на АТП ранг-листата откако закрепна од повреда на лакотот. Тој загуби во првото коло во Мајами во 2018 година, а потоа сакал да се откаже од тенисот.

  • Во март 2018 година, загубив во првото коло во Мајами и тогаш сакав да се откажам од тенисот – откри Ѓоковиќ во поткастот на Билиќ.

Но, потоа следувал „рестарт“ во главата на Ѓоковиќ.

  • Отидовме во Доминиканската Република на одмор. Мојата сопруга Јелена играше тенис со нашиот син, јас гледав отстрана, не сакав да се приближувам до теренот. Потоа ја прашав дали може јас, таа рече не, Стефан и јас играме сега, а ти подоцна. Потоа зедов рекет, ставив корпа и почнав да сервирам бос во костим за капење – се присети Новак.

После тоа, Србинот го доживеа најголемиот кам-бек досега.

  • Од 20 и некое место до 1 место – тоа беше мојот најголем кам-бек досега. Мора да му дадеш шанса на животот и на Бога да ти ги среди работите, да се отпуштиш, а потоа да победуваш – заклучи најдобриот тенисер на сите времиња.

Новак потоа на едноставен начин објаснил зошто не им допаѓал на луѓето.

  • Јас не припаѓав во тоа друштво на Надал, Федерер. Ниту во однос на националноста ниту во однос на другите работи. Што се однесува до карактерот, јас бев малиот човек што дојде и рече дека ќе бидам број еден. Не им се допадна тоа, не им се допадна фактот што воопшто бев таму, што ги предизвикував овие двајца. Второ, отсекогаш сум ги почитувал двајцата, никогаш не сум рекол лош збор и нема да кажам бидејќи тоа е она што го сметам за драго, но, едноставно, сакам да бидам подобар од нив и немам проблем да го кажам тоа. Зад нив застанаа силни спонзори, корпорации, милион работи. Се обидов да им угодам, да се поврзам со нив на човечко ниво, но видов дека тоа е сурова конкуренција, сурова борба – потенцираше Ѓоковиќ.

ИЗДВОЕНИ