
Србнот Новак Ѓоковиќ, покажа зошто е најуспешен тенисер на сите времиња. Тој се пласираше во ново финале на Австралија опен, испраќајќи порака до сите критичари дека уште може да игра на највисоко ниво.
Десеткратниот шампион во Мелбурн имаше што да им порача на сите што го провоцираа во текот на турнирот, но тоа го направи во манир на голем џентлмен, пишувајќи на камерата – „Да не рековте нешто“?
Пораката е јасно испратена до сите што не веруваа во неговата способност повторно да се бори за трофејот. Доколку успее да победи, за Ѓоковиќ тоа ќе биде историска 25-та Грен-Слем титула, со што уште повеќе ќе го потврди својот статус на најдобар во историјата.
Potpis nešto ste rekli? pic.twitter.com/DvDGxX7mcT
— sportnadlanu (@klikclick191174) January 30, 2026











