Ѓоковиќ има нов тренер

490
EPA-EFE/JAMES ROSS

Ѓоковиќ во вторник одржа воведна прес-конференција пред почетокот на турнирот во Женева.

Главното прашање беше тренерот, откако пред околу една недела се раздели со Енди Мареј, со кој соработуваше од почетокот на актуелната сезона, а во таа прилика откри дека покрај Борис Бошњаковиќ покрај него на земјена подлога до крајот на сезоната ќе биде и Душан Вемиќ.

„Моментално не барам тренер. Мислам дека нема потреба да брзам во ниту еден контекст, се чувствувам пријатно со луѓето околу мене. Го имам Душан Вемиќ кој е тука – дојде од САД, каде што живее, ќе биде со мене во Женева и на Ролан Гарос, а Борис Бошњаковиќ е тука како аналитичар и помошник тренер“, рече Ѓоковиќ.

Ова ќе биде втор ангажман на Вемиќ во тимот на Новак Ѓоковиќ, откако претходно работеше околу една и пол година во периодот од 2012 до 2013 година.

Тие останаа пријатели, а сега Вемиќ – кој беше селектор на српската репрезентација извесно време во Купот на Били Џин Кинг – се вклучи да помогне во остатокот од сезоната на земјени терени.

Не се знае каков договор постигнал Новак Ѓоковиќ со Душан Вемиќ, ниту дали соработката ќе продолжи по Ролан Гарос.

За потсетување, српскиот тенисер во среда во второто коло на Женева игра против Мартон Фучовиќ.

ИЗДВОЕНИ