Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот „Шест крала“ оваа година, каде што ќе добие многу пари, но се чини дека едно нешто му е поважно – почитта што му ја укажуваат во Саудиска Арабија. Иако во моментов не е најдобар тенисер во светот, нему му е дадено директно место во полуфиналето, што само покажува каков статус има кај шеиците.

Покрај него, во полуфиналето директно учество обезбеди и Карлос Алкараз, додека најдобриот играч во светот во моментов, Јаник Синер, ќе мора да се препоти за место меѓу најдобрите четворица.

Ждрепката одлучи Ѓоковиќ, сепак, потенцијално да игра против Синер во полуфиналето, под услов Италијанецот да го елиминира Циципас, додека Тејлор Фриц и Александар Зверев ќе се борат за дуел со Алкараз. Значи, повторно е можен дуел помеѓу Синер и Алкараз, кој Ѓоковиќ ќе се обиде да го спречи.

Инаку, за секоја победа на турнирот, играчите добиваат награда од 1,5 милиони евра, што значи дека Синер може да заработи повеќе од Ѓоковиќ и од Алкараз бидејќи го чека подолг пат. Овој турнир ќе се игра од 15 до 18 октомври, во Ријад, со вкупен награден фонд од 13,5 милиони долари. Победникот на турнирот ќе си замине дома со импозантна сума од шест милиони долари, според моделот што беше применет и минатата година, кога беше одржано премиерното издание.

ИЗДВОЕНИ