среда, февруари 4, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Париз – „Се надевам ќе...

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Париз – „Се надевам ќе се видиме следната година“

806

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес објави дека нема да учествува на претстојниот Мастерс во Париз, пренесе „Бета“.

„Драг Паризе, за жал нема да се натпреварувам на овогодинешниот Мастерс. Имам прекрасни спомени и големи успеси низ годините, особено фактот дека успеав да ја освојам титулата седум пати. Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ви благодарам“, напиша петтиот тенисер во светот во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Ѓоковиќ го има освоено Мастерсот во Париз седум пати, а на кој не учествуваше ниту минатата година.

Овогодинешното натпреварување на Мастерсот во Париз е закажано од 27 октомври до 2 ноември.

ИЗДВОЕНИ