Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на Лејвер купот трета година по ред. Британски „Мирор“ пишува дека ја одбил понудата од Роже Федерер, еден од организаторите на овој турнир, а причината е многу едноставна: сака да поминува повеќе време со своето семејство.

Федерер одигра клучна улога во организирањето на турнирот, тој лобираше оваа сезона Ѓоковиќ да ги здружи силите со Карлос Алкараз во тимот на Европа, но Србинот не замина за Сан Франциско.

Ѓоковиќ (38) двапати играше на Лејвер купот. Прво во 2018 година, а потоа во 2022 година, кога Федерер се збогува со тенисот.

Новак моментално е четвртиот играч во светот, а оваа сезона стигна до полуфиналето на секој од четирите гренд слем турнири.

ИЗДВОЕНИ