epa11848926 Novak Djokovic of Serbia in action during a semifinal match of the Australian Open against Alexander Zverev of Germany at Melbourne Park in Melbourne, Australia 24 January 2025. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ би можел да го промени спонзорот на крајот од тековната сезона. Неговиот договор со компанијата „Лакост“, истекува оваа година, па се поставува

прашањето дали ќе има продолжување на соработката. Навивачите веќе се изјаснија и би сакале да видат промена, но сега сè зависи од најдобриот тенисер на сите времиња.

Новак имал четири главни спонзори во својата кариера. Прво тоа беше „Адидас“ од 2007 до 2009 година и тогаш го освои првиот грен слем – Австралија Опен во 2008 година. Потоа носеше „Серџо Такини“ од 2010 до 2012 година и освои четири грен слем титули, од 2012 до 2016 година носеше „Уникло“ и освои седум грен слем титули.

Договорот со „Лакоста“ започна во 2017 година и тој имаше најголем успех со нив. Со нивната опрема, тој освои 12 грен слем трофеи и постои голема веројатност дека соработката ќе продолжи. Причината зошто навивачите бараат промена е тоа што сметаат дека сегашната опрема е поскапа, па би сакале малку пониска цена. Патем, кога договорот беше продолжен во 2021 година, новиот четиригодишен договор вредеше 10.000.000 евра.

На минатогодишниот Вимблдон, Ѓоковиќ јавно и отворено го критикуваше својот главен спонзор, бидејќи многу негови фанови се пожалија. Тоа беше еден вид

предупредување до нив, па останува да се види дали ќе одговорат на неговата критика.

„Не сум задоволен од начинот на кој мојот спонзор работи на мојата маркетиншка промоција, тоа ме фрустрира. Во претходните години бев незадоволен и фрустриран затоа што многу луѓе ги сакаат моите производи, но немаат можност да ги најдат во продавниците на мојот спонзор. Некои работи сега се менуваат на подобро, но сепак не сум задоволен затоа што сè може да биде многу подобро. Се надевам дека мојот спонзор ќе го зголеми бројот и квалитетот на моите производи и ќе работи на нивната достапност за луѓето да имаат можност да ги најдат затоа што сум популарен низ целиот свет“, рече Ѓоковиќ и додаде дека не му се допаѓа фактот што опремата не е достапна во продавниците, туку само на веб-страницата.

ИЗДВОЕНИ