epa12227745 Novak Djokovic of Serbia falls to the ground during his Men's Singles quarter-finals match against Flavio Cobolli of Italy at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 09 July 2025. EPA/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Откако го откажа учеството на „Роџерс купот“ во Торонто и крена бура со тоа, сега најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, одлучи да не настапи и на најпрестижниот мастерс во сезоната, во Синсинати.

Ова значи дека искусниот 38-годишен тенисер нема да има ниту еден турнир меѓу настапот на трева на Вимблдон и префрлањето на сосема друга подлога на Отвореното првенство на САД, кое ќе почне на 24 август оваа година.

Тој ќе оди во Њујорк директно од одмор. Моментално е во Грција со своето семејство, а според последните информации, таму го преместил и својот турнир, кој досега се играше во Белград и во Бања Лука.

Семејството Ѓоковиќ, пред сè Новак, и неговиот брат Ѓорѓе, кој беше директор на турнирот во Белград во претходните години, играат голема улога во организирањето на турнирот. На тој начин, тие ќе продолжат со својот ангажман во развојот и промоцијата на тенисот, овој пат на територијата на Грција.

По овој повод, официјалната веб-страница на Здружението на тенисери не го криеше своето задоволство што главниот град на Грција повторно ќе биде домаќин на тениски турнир, прв по 1994 година.

– Турнирот во Грција ќе биде организиран од искусен тим, кој работеше на турнирот во Белград, во претходните години. Очекувам дека ќе имаме настан од светска класа во историската Атина – се вели во соопштението на АТП.

Турнирот во Атина ќе се одржи веднаш по завршувањето на турнирот од серијата Мастерс во Париз, а една недела пред финалниот мастерс во Торино.

Што се однесува до Синсинати, тој беше добредојден гостин таму, го освои три пати, а на Отвореното првенство на САД ќе ја брка својата 25. титула на гренд слем турнирите, како и својот петти пехар во Њујорк.

ИЗДВОЕНИ