четврток, февруари 12, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ доби специјална награда во Дубаи, му ја додели Кристијано Роналдо

Ѓоковиќ доби специјална награда во Дубаи, му ја додели Кристијано Роналдо

550
screenshot X

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, доби специјална награда оваа недела во Дубаи. Српскиот тенисер ја доби наградата „Глоуб Сокер“ во Дубаи за неговиот придонес во спортот.

„Не сакам многу да зборувам, но тој е пример. Кога си пример за луѓето, тоа зборува само за себе. Тој е пример, неговата долговечност, имаме слични приказни, мислам дека е заслужено, бидејќи е пример за сите генерации, за новите, за старите, за оние што доаѓаат, тој го заслужува ова“, рече Роналдо.

Имаше и Ѓоковиќ што да каже.

„Привилегија и чест е да бидам тука вечерва и да добијам награда од уште една спортска легенда, тоа е сон што се оствари. Не го очекував ова, јас сум голем фудбалски обожавател, дојдов тука да ја прославам неверојатната година што ја имаа сите фудбалски ѕвезди, не можев да бидам посреќен.“

Ѓоковиќ исто така дојде во Дубаи за да се подготви за почетокот на сезоната.

ИЗДВОЕНИ