Ѓоковиќ брутално искрен: Не е лесно кога ќе те растурат вака

1953
EPA/STR

Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ за само 62 минути на Сикс Кингс Слем-от во Ријад, победувајќи со 6-4, 6-2 во сетови.

„Ова не беше долг натпревар, што е негова заслуга, а не моја. Беше премногу добар, силно ја удираше топката од сите агли и му посакувам се најдобро во финалето“, рече Новак Ѓоковиќ, кој загуби од Јаник Синер седми пат по ред.

Сепак, Ѓоковиќ нема намера да се откаже, без оглед на фактот дека Синер и Карлос Алкараз ја презедоа доминацијата.

„Секогаш вреди да се бориш. Страста за тенисот и тренингот е сè уште тука“, рече Ѓоковиќ и продолжи:

„Извинете за изразот, но тоа се случува кога некој ќе ве растури вака. Воопшто не е лесно. Сепак, добро е чувството да се биде сè уште во првите 10, првите 5. Ова беше неверојатно патување. Би сакал да имам помладо тело, макар и само една година, за да можам подобро да им се спротивставам. Но, сепак ќе се обидам да ги предизвикам“, заклучи Ѓоковиќ.

ИЗДВОЕНИ